Маракеш – Колекција 2011
Translate original post with Google Translate
Излезе новата колекција на Ревлон – професионал наречена Маракеш. Потекнува од еден важен и поранешен царски град во Мароко, за кој може да се каже дека е град кој стои помеѓу традицијата и современоста, град на контрасти и крајности, пар екселанс. Градот е извор на инспирација и може да се пофали со бесконечен број на неверојатни градини, палати, џамии, бои, текстури и палми. Синото небо дава контраст со живописните зелени егзотични растенија, а црвената земја и текстурите на ѕидовите креираат концептуална атмосфера. Поради овие прекрасни убавини градот наречен “бисер на југот” и беше избран како локација за моделирање и фото-сесија за колекцијата, па така, токму МАРАКЕШ стана нејзиното име. Инспирацијата доаѓа од многу извори, но главната идеја е претставата на една жена во движење, која има малку време, многу патува и е независна и модерна жена која посакува фризура што би се приспособила на безброј ситуации. Инспирацијата е вистинската урбана жена и таа е комбинација на нејзиниот професионален и личен живот, на совршенството…
Земјените тонови, исто така, се едни од главните инспиративни елементи на новата линија. А токму тие, природно-земјените тонови, бежовите нијанси, како и кафено -чоколадните се класика и нудат елегантен стил со смирен, свиленкаст мек дизајн и слободен проток на текстури.
Маракеш станува препознатлив изглед на улиците низ целиот свет.


Arabian
Macedonian
