Перица Ивановски
Сопственик, менаџер, главен стилист, ментор и лидер на бројни млади стилисти кои ја градат или ја започнале својата кариера под неговите закрила.
Со немирен дух, постојано во потрага по нешто ново, по нова инспирација, нова посовршена креација, пласман и примена на нови производи, препарати за коса и третмани на македонскиот стилистички пазар, секојдневно во потрага на нови предизвици.
Секој успех на бројните интернационални семинари, работилници, модни настани и случувања во најголемите европски модни центри, како и на реномираните регионални и домашни манифестации во изминатиот едно и пол децениски период на неговото кретивно-уметничко творење, за овој неуморен трагач по „неоткриеното“ му поттикнува нови визии, нови стремежи.
Неприкосновена потврда за неговите несебични заложби за оставање силен печат на македонскиот „фризерскиот простор“, се неговиот тим од соработници и лојални следбеници. Овие млади луѓе, во духот на брзото темпо на живот вредно учат од својот едукатор и работат на сопствениот уметничко-фризерски талент и создаваат наредна висококвалитетна генерација стилисти.
Овие млади луѓе заслужено го носат епитетот Тимот на Кул Кат, Тимот на Пеце.