Тимот на Coolcut

Билјана Jанева

Билјана е дел од Кул Кат од самиот почеток и основање, од 1997 година. За неа може да се каже дека е неуморната сенка на Пеце. Како што се градеше репутацијата и имиџот на студиото, така Билјана следеше сè, созреваше и стана совршен стилист, специјализиран за сите фризерски техники. Иако во суштина е тивка, скромна и ненаметлива личност, во случаи кога клиентите целосно и се доверуваат на нејзината умешност, таа се „претвора во волшебничка“ која смело и агресивно ќе открие нова боја, нова димензија и креација на вашата коса. Билјана е долгогодишна лојална „десна рака“ на Перица која неуморно го следи во развојот и афирмацијата на студиото, и целосно ја дава сета своја лична и професионална поддршка. Со четка и фен во рацете, Биле открива нов квалитет, неоткриени волумени, линија и стил на вашата коса.

Фросина Петковска

За Фросина може слободно во буквална смисла на зборот да се каже дека порасна во Кул Кат. Во студиото дојде во 1999 година како млада ученичка, водена од желбата да научи сè, да ги открие сите тајни на фризерскиот занает. Фросина брзо ги совлада сите фризерски вештини и стана мајстор на својот занает. Секогаш насмеана и спремна за работа, без разлика дали во рацете има ножици, четка или фен, секогаш ја видоизменува фризурата на своите клиенти и им мами задоволна насмевка кога ќе го видат својот лик во огледало. Тешко е и неблагодарно да се одреди или дефинира за што е тесно специјализирана, бидејќи Фросе е специјалист за сè и не постои предизвик на која таа не може да одговори. Искрите во нејзините очи и постојаната прекрасна насмевка кои го доукрасуваат нејзиниот лик говорат дека Фросе едноставно ја обожува својата професија.

Маја Душановска

Маја стана дел од тимот на Кул Кат во 1999 година, заедно со Фросина. Таа дојде во студиото како младо девојче, девојче кое се развиваше во две насоки: како стилист и како модел за коса. Нејзиниот лик е дел од ентериерот на студиото, односно ги краси и им дава душа дури и на ѕидовите на Кул Кат. Иако делува нежно и кревко, Маја пред предизвици, и како стилист и како модел се претвора во нешто спротивно, во мошне силна и впечатлива личност. Маја е неуморна вредна „пчелка“ која не го губи и не го троши залудно времето. Постојано учи, работи и се надградува себе си станувајќи комплетен фризерски стилист кој секогаш пријатно ги изненадува и усреќува клиентите. Маја е потврден и изграден стилист и модел за коса.

Даниел Велковски

Даниел е млад и харизматичен човек кој веќе 6 години е дел од креативниот тим на Кул Кат. Следејќи го својот ментор во „одмерувањето“ на силите и фризерските умешности на модните фризерски настани кај нас, Даниел смело влезе во натпреварувачките води притоа освојувајќи и награди. Освоените награди за Даниел претставуваат поттик и стимул за негово натамошно професионално усовршување и владеење на останатите фризерски техники, вештини и умешности кои сигурно ќе му донесат и други признанија и од нашите клиенти и на модните настани.

Тања Крстевска

Тања ја претставуваме како последен член на креативниот тим на Кул Кат, ама никако како најмалку важен член. Тања, исто така е дел од тимот веќе цели 6 години. Дека за релативно кратко време од ученик може да се стане стилист кој е постојано баран од нашите клиенти, говори примерот на Тања. Релативно брзо ги научи сите техники и следејќи го примерот на другите членови на тимот, ги совлада и техниките на бои и третманите за лечење на коса. Тања, во нашето студио е одговорен техничар за бои и на третмани за лечење на коса.

Паралелно со веќе потврдениот тим на стилисти во Кул Кат работи и вредно ги учат сите тајни на фризерскиот занает и понова генерација – ученици. Погледнете ги и запаметете ги нивните ликови. Тоа е новиот генерациски подмладок на Кул Кат.