SENSCIENCE

SENSCIENCE Liquid Luxury ***** е престижна колекција за нега на коса произведена од страна на Shiseido Labоratories. Препуштете ја грижата за здравјето и изгледот на вашата коса на Senscience колекцијата која се состои од голем избор на ексклузивни шампони, регенератори, третмани и производи за обликување кои се наменети за подобрување на структурата и хемискиот состав на влакното, обезбедувајќи подобар квалитет на косата.

SENSCIENCE е иднината за нега на коса, богата формула со благ и мек мирис, произведена со најмодерна технологија. VITALOCK-6 комплексот претставува иновативен спој на антиоксиданти, витамини, минерали, шеќери, липиди и протеини кои со заедничко делување придонесуваат за обновување на косата, одржувајќи ја нејзината влажност и цврстина. VITALOCK-6 делува на секое влакно во неговата внатрешност, овозможувајќи ревитализација и заштита на косата од штетни и надворешни влијанија.

Резултат? Здрава, свиленкаста, мека, сјајна и цврста коса. Токму онака како што заслужувате. Колекцијата SENSCIENCE Liquid Luxury ***** ќе ги задоволи сите ваши барања во поглед на изгледот и квалитетот на вашата коса и ќе помогне Вашата внатрешна убавина да блесне. Оваа колекција е раскош кој едноставно мора да и го дозволите на вашата коса.

C.P.R. – ТРЕТМАН ЗА ЛЕКУВАЊЕ (ОБНОВА) И НЕГА НА КОСА

Ц.П.Р е интензивен професионален третман кој продира и делува длабоко во косата, посебно наменет за исклучително оштетена и сува коса. Со негово користење косата се обновува, зајакнувајќи го секое влакно, таа добива сила и подолготрајна заштита. Ц.П.Р на косата и ги враќа сите хранливи состојки кои и се потребни, ја изедначува PH вредноста и ги спојува сите прекинати делови во внатрешноста на влакното. Овој третман претставува терапија за коса и е единствен патентиран производ кој делува длабоко во внатрешноста на влакното со микро честички за пренесување на хранливите состојки.

Leave a reply